кире лазаров сп франција исланд традицијата

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров повторно одигра маестрален меч, овојпат против репрезентацијата на Исланд. Се што ќе се каже за Лазаров, не може да се опише за тоа колку е тој значаен за нашата репрезентација и за иднината на македонскиот ракомет.

Вистински светски играч, кој на свои 36 години одигра 4 одлични натпревари, по 60 минути.
Еве што изјави после вечерашниот натпревар:

„Самиот факт дека вчера игравме против Шпанија се истрошивме максимално. Извлековме максимум денес. Тие беа поподготвени од нас. Се повредија Манасков и Миркуловски. Идеме на Норвешка, тим за почит исто како Исланд. Верувавме до крај како и со Тунис. Од вчера ни се повторуваат некои работи кои не сакам да ги спомнам, не се израдувавме како што треба. Би пробале да направиме историја против Норвешка. Желбата, срцето не доведоа до каде што сме. Тоа го посакувавме пред почетокот со Словенија. Не чека утре пат и сакам да им честитам на сите за ова. Нема што да изгубиме ако ова е репер тој меч во Краков, каде што водевме, па загубиме. Единствено што ме загрижува се повредите и се надевам дека ќе се оспособиме. Ќе дадеме се од себе. Мислам дека ќе одиграме порастеретено и дека ќе бидеме подобри за два дена“ – изјави Лазаров.