ЖРК Вардар втора сезона по ред ќе игра во финалето на ЕХФ лигата на шампионите, откако го победија Ростов со 25:19 за ново финале против ланскиот противник, екипата на Ѓер.
Една од најзаслужните беше голманката Амандин Лејно, која имаше 18 одбрани на натпреварот, од кои 11 во првото полувреме.
„Ростов е одличен тим и ни создаде многу проблеми, но за среќа одигравме одличен меч и заслужено победивме. Не е важно колку одбрани сум имала, најважно е тимот да победува и да се најде во големото финале. Горда сум на оваа екипа, сега ни претстои уште еден чекор за остварување на заедничката желба што ја имаме со години наназад. Јас сакам титули, сега да ја освојам со Вардар, па догодина пак да славам со Ѓер“ – изјави Амандин Лејно.