Ни престои ракометен викенд, во кој ракометарките на ЖРК Вардар ќе го имаат својот 5-ти настап на Ф4 турнирот во Будимпешта, каде ќе се обидат да ја освојат титулата во Лигата на шампионите.

Голманката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно изјави дека оваа сезона навистина ја заслужуваат европската титула, но патот е тежок и ќе го дадат својот максимум да се опростат од ЖРК Вардар со европска титула.

„Минатата сезона бевме многу блиску до трофејот, но за жал таков е спортот некогаш мора да се помирите со поразите. Секако, ние како тим сакаме победа на секој натпревар. Сега е нова шанса за нас и во Будимпешта овој пат патуваме со желба конечно да стигнеме и до трофејот. Сега сме многу поискусни затоа што четири пати веќе претходно бевме дел од турнирот на најдобрите. Реално, мислам дека оваа сезона навистина заслужуваме да стигнеме до европската титула“ – вели Лејно.