ЖРК Вардар во овој состав викендов за последен пат ќе настапи во Лигата на шампионите, каде ќе ја има последната шанса да стигне до посакуваната титула после 4-ри одиграни Ф4 турнира.

Андреа Лекиќ е со најголем стаж кај „црвено-црните“, дојде со шампионска и со титула најдобар играч во светот во 2013 година. Желбата да се подигне шампионскиот пехар со Вардар останува подеднакво силна и пред овој Ф4 викенд во Будимпешта.

„Немаме избор, ова е последен пат на Вардар и ќе потрудиме да го направиме тоа што треба. Се надевам дека дека ова ќе заврши на најубавиот можен начин. Не сакам многу да зборувам. Едвај го чекам утрешниот натпревар“ – изјави Андреа Лекиќ.