ЖРК Вардар не успеа и во својот последен обид да ја освои Европската титула во Лигата на шампионите. Во еден тежок натпревар „црвено-црните“ одиграа храбро и изгинаа до последен момент, но за жал не роди со плод цел тој труд.

Андреа Лекиќ и во болниот пораз, најде храброст за изјава:

„Ми беше чест да играм за Вардар во овие пет години. Тагата не можам да ја опишам. Нема зборови за тоа. Во натпреварот, не бевме доволно добри по 60. минути. Промашувањето на Андреа Чанаџија во последниот удар никој не смее да и го забележи. И таа сакаше да даде гол. Многу сум тажна. Оваа убава приказна и бајка завршува, но не на најдобриот начин, оној што јас го посакував. Ќе ми недостасуваат Скопје и Македонија. Немам зборови“ – изјави Лекиќ.