Македонската ракометна репрезентација забележа победа од 35:28 во првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора. Натпревар во кој нашите репрезентативци одиграа еден просечен натпревар, што многумина би рекле дека тренинзите се посилни од тоа што прикажаа двете репрезентации на денешниот натпревар.
Резервирано во нападот и одбраната, но доволно за да се испробаат некои комбинации и да се изротираат што повеќе играчи. Денес селекторот Обрван им даде шанса на речиси сите ракометари, а покрај повредениот Филип Лазаров воопшто не настапија Филип Талески, Никола Митревски, Милорад Кукоски и Никола Маркоски.
Нашата репрезентација утре ќе одигра уште еден натпревар со Црна Гора, овојпат од затворен карактер, што ќе биде последна проверка на силите пред заминувањето на ЕП. Селекторот Обрван најави дека по тој втор натпревар ќе го скрати списокот на 16 ракометари кои ќе патуваат за Полска.
Најефикасни на натпреварот беа Дејан Манасков со 13 и Кире Лазаров со 7 погодоци.
Фото: www.lazarovkiril7.com