Червар се враќа во екипата на ППД Загреб по долги девет години. Легендарниот хрватски тренер мина осум години во скопски Металург, каде постави нови стандарди во македонскиот ракомет, но очигледно е дека му е потребен нов предизвик во кариерата, а вакво нешто и одамна се очекувашe.

Се поизвесно е дека заедно со Червар од следната сезона во ППД Загреб се сели и хрватскиот бек од Металург, Халил Јагањац. Во тек се преговорите меѓу хрватскиот и македонскиот тим со кој Јагањац има актуелен договор и за наредните две сезони.

Червар во изминативе осум години имаше значаен придонес во сите успеси кои ги остави Металург, а своевремено беше и селектор на Македонија пред да одлучи да го преземе кормилото на „кауобоите“ кои ќе ги предводи и на претстојното Светско првенство во Данска и Германија.