Лино Червар е новиот селектор на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија. Денес во просториите на РФМ, комисијата во состав Милчо Чакарески, Гино Стрезовски и Славе Атанасовски едногласно го избра актуелниот тренер на Металург како најдобар кандидат за функцијата, предлагајќи до Управниот Одбор тој официјално да биде именуван како наследник на Ивица Обрван.
Останатите кандидати беа Владимир Глигоров, швеѓанецот Роберт Хедин, србинот Александар Брковиќ, како и шпанецот Жорди Луелјес, чие CV воопшто не ги задоволуваше пропишаните критериуми при конкурсот.
Прв предизвник на Червар ќе биде бараж натпреварот против Чешка, каде Македонија ќе се бори за пласман на СП 2017 во Франција.
Среќно!