Селекторот Лино Червар избра 21 ракометар, со кои ќе ги продолжи подготовките на македонската репрезентација за претстојното СП во Франција. Од овие ракометари ќе го одреди составот кој ќе патува во Франција, после втората фаза на подготовки, која ќе биде во Скопје, односно контролните натпревари против репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Подготовките завршија за Мартин Манасков, Јовица Младеновски, Бојан Маџовски и за Даниел Ѓорѓевски.

Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски ќе ги пропуштат пријателските натпреварите против БиХ, поради настапот за младинската селекција во квалификациите за Светското првенство, кои ќе се одржат во истиот период. Дополнително е повикан голманот Никола Митревски.

Македонската репрезентација ќе одигра три натпревари против БиХ, на 3-ти, 4-ти и 5-ти јануари. Сите натпревари ќе се играат во СЦ „Кале’, а само првиот ќе биде отворен за публиката.

Список на ракометари:

  1. Кирил Колев
  2. Благојче Трајковски
  3. Никола Митревски
  4. Дејан Манасков
  5. Гоце Ојлески
  6. Гоце Георгиевски
  7. Мартин Поповски
  8. Стојанче Стоилов
  9. Никола Маркоски
  10. Жарко Пешевски
  11. Велко Маркоски
  12. Филип Талески
  13. Марко Неловски
  14. Кирил Лазаров
  15. Филип Лазаров
  16. Филип Миркуловски
  17. Стефан Дрогришки
  18. Ристо Арнаудовски
  19. Ласко Андоновски
  20. Мартин Велковски
  21. Влатко Митков