Лино Червар дебитираше со победа на светските шампионати како селектор на Македонија, па хрватскиот стратег со право беше презадоволен на прес-конференцијата по мечот со Тунис.

„Ракометарите се хероите, капата долу за нив, поради начинот на кој го одиграа целиот натпревар. Јас секогаш им велам да веруваат во себе, дека можат да бидат подобри отколку што мислат дека се, мило ми е што го прифатија тоа и самите се убедија. Победата е голема и многу слатка, но не смееме прерано да славиме, не смее да има еуфорија бидејќи има уште многу да се игра на овој шампионат“ – Изјави Лино Червар.