Добро нас познатиот спортски новинар Том О’Бранагејн е главен известувач на Европското првенство во Полска. Пред вчерашниот натпревар на нашата репрезентација против Франција, О’Бранагејн ги прашуваше ракометарите од двата табори на што ги асоцира зборовите: Македонија, Франција, Голем Човек и Вино.

Дел од одговорите на убав начин се скоцкани во едно видео, кое ќе предизвика насмевка кај сите љубители на ракометот.
Еве дел од одговорите, како и видеото!

Франција: Најдобар тим, прв кандидат за златен медал
Голем Човек: Лазаров, Карабатиќ, Стоилов, Шипрак
Македонија: Александар Македонски, Опасност
Вино: македонски и француски вина.