Европската Ракометна Федерација, денеска го објави официјалното рангирање на европските репрезентации според настапите и резултатите во 2014 и 2015 година. Земени во предвид вкупните учиноци како на сениорските, така и на репрезентациите во младите категории, Македонија е 11-та најдобра во машка и 19-та најдобра во женска конкуренција на „Стариот континент“.
Рангирањето на машките репрезентации, топ 15
- Франција
- Данска
- Шпанија
- Шведска
- Германја
- Словенија
- Полска
- Хрватска
- Унгарија
- Норвешка
- Македонија
- Русија
- Србија
- Исланд
- Австрија
Целата листа може да ја погледнете ТУКА
Рангирањето на женските репрезентации може да го погледнете ТУКА
Вкупното рангирање за 2014 и 2015 година (мажи и жени) може да го погледнете ТУКА
Според вкупното рангирање, Македонија се наоѓа на 18-то место, но за очекување е дека пласманот ќе се подобри пред се поради тоа што нашата сениорска машка репрезентација оствари подобар пламан на последното ЕП од шест од осумте репрезентации кои моментално држат некоја од 10-та до 17-та позиција (Унгарија, Словенија, Холандија, Црна Гора, Исланд и Србија).