Мартин Серафимов Македонска репрезентација

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац денес го направи конечниот список на ракометари за првиот натпревар од групата Б против репрезентацијата на Украина.

Од претходниот список со 18 ракометари, денес Брестовац ги извади Мартин Серафимов и Горан Крстевски. По што на утрешниот натпревар против Украина, нашата репрезентација ќе има тројца голмани на списокот.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра утре со почеток од 20:30 часот.

Фото: Екипа