Немања Прибак Македонија

Натурализираниот македонски репрезентативец со српско потекло Немања Прибак даде свое видување за денешниот натпревар кој е последен од првата фаза на ЕП во Полска, и е од пресудно значење за репрезентацијата на Македонија која со победа би обезбедила пласман во втората фаза на натпреварувањето:

Имам другари во Србија, од времето кога настапував за кадетските и јуниорските репрезентации во оваа земја. Сепак, сега играм за Македонија и тука завршува целата приказна. Нема место за емоции, можеби на самиот почеток ќе биде малку чудно, но од моментот кога ќе стапнам на терен ќе бидам целосно фокусиран на натпреварот. Се среќавав со српските репрезентативци и во хотелот, комуникацијата ни е одлична, но сето тоа ќе биде оставено на страна кога ќе почне средбата.Јас сум таков човек, секогаш го велам она што го мислам. Разликата меѓу Македонија и Србија е во квалитетот, и двете селекции имаат добри играчи, но мислам дека Македонија е чекор понапред. Тоа не значи дека ќе биде лесно, поголемиот квалитет ќе мора да се потврди на терен, но верувам дека сме подготвени за предизвикот.