Ракометната репрезентација на Македонија ќе биде дел од четвртата квалификациска група за пласман на ЕП 2018 во Хрватска, по денешната ждрепка во Дубровник, каде ќе си ги одмери силите со репрезентациите на Чешка, Исланд и Украина.

Квалификациите за овој шампионат ќе стартуваат на 2-ри Ноември, а ќе завршат на 18 јуни 2017.
Пласман на европскиот шампионат ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од секоја група.

*Завршниот турнир е од 12-ти до 28-ти Јануари 2018 во Вараждин, Сплит, Пореч и во Загреб.

  • Група 1: Данска, Унгарија, Холандија, Летонија.
  • Група 2: Полска, Белорусија, Србија, Романија.
  • Група 3: Шпанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Финска.
  • Група 4: Исланд, Чешка, МАКЕДОНИЈА, Украина.
  • Група 5: Германија, Словенија, Португалија, Швајцарија.
  • Група 6: Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка.
  • Група 7: Франција, Норвешка, Литванија, Белгија.

Распоред на натпревари:

  • Македонија – Украина (02/03.11.2016)
  • Чешка – Македонија (05-07.11.2016)
  • Македонија – Исланд (03/04.05.2017)
  • Исланд – Македонија (06/07.05.2017)
  • Украина – Македонија (14/15.06.2017)
  • Македонија – Чешка (17/18.06.2017)