Женската сениорска репрезентација на Македонија ги доби репрезентациите на Србија и Шведска, во квалификaциите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Франција следната година.
Репрезентации кои на македонска репрезентација и се познати, бидејќи со србинките нашите ракометарки одиграа контролни натпревари, додека со Шведска, ќе се борат во баражот за пласман на СП во Германија.
Третиот противник ќе биде победникот од претквалификациите А, каде ќе се борат репрезентациите на Фарски Острови, Грција и Финска.
Квалификации за ЕП 2018:
- Група 1: Швајцарија, Украина, Хрватска, Холандија.
- Група 2: Италија, Словачка, Полска, Црна Гора.
- Група 3: победник претквалификации А, МАКЕДОНИЈА, Србија, Шведска.
- Група 4: Португалија, Австрија, Русија, Романија.
- Група 5: Исланд, Словенија, Чешка, Данска.
- Група 6: Литванија, Турција, Германија, Шпанија.
- Група 7: победник претквалификации Б, Белорусија, Унгарија, Норвешка.
Претквалификации за ЕП 2018:
- Група А: Финска, Фарски Острови, Грција.
- Група Б: Косово, Израел, Грузија.
Пласман на ЕП обезбедуваат двете најдобропласирани екипи од секоја група и најдобрата третопласирана од сите групи. Квалификациите ќе се одиграат во периодот од 27-ми септември 2017 година до 3-ти јуни 2018 година.
ЕП во Франција ќе се одржи во периодот од 30-ти ноември до 16-ти декември следната година, во градовите Нанси, Нант, Монтбелиар, Брест и Париз