На денешната ждрепка во Париз, македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за СП во Франција кој се игра следната година, од 11-ти до 29-ти јануари. Избраниците на Лино Червар добија тешка задача, но и можност да им се одмаздат на Словенија и Тунис за поразите на последното СП и Олимписки квалификации.
- Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка
- Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола
- Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле
- Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина