Македонската репрезентација го освои пехарот на турнирот „Трофеј Карпати“ што се одржуваше во Букурешт, откако во големото финале ја совлада репрезентацијата на Романија со резултат 20:24.
Во еден рамноправен и неизвесен натпревар, избраниците на Брестовац се изборија за победа над домаќинот. На почетокот играа во грч, дозволија на романците да поведат со 5-2. Но, нашите ракометари не дозволија противникот посериозно да се одлепи и до самиот крај на првото полувреме се играше рамноправно и се замина на полувреме со минимално водство на романците (12:10).
Во второто полувреме младите ракометари одиграа на едно повисоко ниво, во кое дозволија противникот да постигне само 4 погодоци во 15 минути. По што, водството беше превземено и одржувано до самиот крај, кога романците на 6 минути до крајот го израмнија резултатот на 20:20. Но, во последните минути од антпреварот проработе одбраната, по што следуваше серија 4-0 за нашите ракометари и заслужена победа од 20:24.
Најефикасни на натпреварот беа Танкоски со 8, Марковски со 5 и Поповски со три постигнати погодоци. На голот повторно Никола Митревски беше одличен.
По добриот настап во Романија, селекторот Брестовац веќе утре ќе треба да избере кои ракометари ќе продолжат во втората фаза од подготовките, кои ќе стартуваат од 2-ри Јануари.
Фото: Екипа.мк