Репрезентацијата на Македонија ја совлада репрезентацијата на Алжир со 25:24 во рамките на полуфиналето на турнирот „Трофеј Карпати“ во Букурешт.
Натпревар во кој младите ракометарии одиграа едно солидно прво полувреме, во кое имаа константно водство и на полувреме заминаа со 6 погодоци предност (15:9).
Во вториот дел Алжир одигра значително подобро, а Македонија опадна во својата игра. Противникот најпрво ја преполови разликата на 13-16, некое време се одржуваше на три голови предност, по што ракометарите на Алжир дојдоа и до само еден гол негатива. Па во последните 10 минути се играше гол за гол, а одбраната на Никола Митрески во последниот напад на Африканците ја запечати минималната победа.
Најефикасни на натпреварот беа Танкоски со 8 и Поповски со 4 постигнати погодоци, додека на голот Митревски забележа 8 одбрани.
Утре од 17:15 часот, македонската репрезентација ќе игра против домаинот Романија во финалето на турнирот, откако вечерва романците славеа против Холандија со резултат 27:25.
Фото: Дерби.мк