Македонија македонска репрезентација

Македонската репрезентација ги заврши настапите на СП во Германија и во Данска, со денешната победа против репрезентацијата на Чиле со резултат 32:30. На крајот, нашата репрезентација заврши на 15-тото место и го повтори пласманот од минатото СП во Франција.

Иако се очекуваше на денешниот натпревар нашата репрезентација релативно рано да ја обезбеди победата, тоа не се случи. Туку напротив во целиот натпревар се мачеше, со многу резултатски пресврти и голем напор во завршницата ја совлада репрезентацијата на Чиле.

Најефикасни беа Кире Лазаров со 9 и Дејан манасков со 8 постигнати погодоци, додека на голот Митрески забележа 11 одбрани, а Даскаловски во своето деби имаше една одбрана и 2 одбранети седмерци.

Македонија првенството го заврши со три победи и четири порази.