Ракометната репрезентација на Македонија денеска од 12:30 часот гостува кај добро познатиот ривал селекцијата на Чешка, во рамките од бараж дуелот за престојното СП во Франција.

Историски гледано до сега, во натпреварот влегуваме како фаворити. Но, после се што се случи во Полска, не може да очекуваме многу, туку напротив прво треба да се радуваме што нашите репрезентативци повторно се собраа и ќе пробаат да не израдуваат со 5-тиот настап на светските првенства.

Со нов тренер, без многу драстични промени во составот се очекува да го дадат својот максимум и уште денес во Злин да го покажат својот несомнен квалитет и влезат со една нога на СП.

Одбраната која на последните натпревари беше на многу ниско ниво, очекуваме денес да биде спротивно. Можеби после дебаклот во Полска, на нашите ракометари им фали мотивација и таа енергија која секоја репрезентација треба да ја има, но веруваме дека во подготовките тренерот Лино Червар, кој со своето големо искуство успеал да ја врати.

Сите изјавија скромни изјави, но веруваме дека денес нашите ракометари ќе одиграат на едно високо ниво и уште на првиот натпревар ќе го расчистат прашалникот, кој ќе оди на СП во Франција.

Натпреварот започнува од 12:30 часот, со директен пренос на МРТ.

Реванш натпреварот е во среда од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски.