Ракометарките конечно ставија крај на црната серија која ја има нашата репрезентација, четири години и шест месеци без победа. Вечерва издвојуваа победа над Фарски Острови, со конечен резултат 21:19.
Во еден неизвесен натпревар, нашите ракометарки успеаја на крај да извадат позитивен резултат. Иако на хартија репрезентацијата на Фарски Острови беше аутсајдер, младите ракометарки го негираа тоа на теренот. Создавајќи им големи тешкотии во играта на нашите ракометарки.
Натпревар во кој се виде дека нашите ракометарки сеуште играат во грч, имаа многу технички грешки во нападот, а во одбраната имаа многу чести падови. Работи кои мора да ги поправат веќе на утрешниот натпревар против Австрија, кој нема да има милост во казнувањето на ваквите грешки.
Најефикасни на натпреварот беа Ристовска со 6, Керамичиева и Саздовска со по 4 постигнати погодоци.
Утрешниот натпревар ќе се одигра од 16:00 часот.