Македонската репрезентација ја забележа втората победа на Светското првенство во Германија и Данска, против репрезентацијата на Бахреин со резултат 28:23.
Ракометарите добро го отворија натпреварот. По водството на Бахреин од 1:2, нашите ракометари направија серија од 5-0 и веќе во 9-та минута имавме водство од 6:2, каде селекторот на Бахреин беше принуден да го побара првиот тајмаут на натпреварот. За веднаш потоа нашите ракометари паднат во својата игра и ракометарите на Бахреин возвратат со исто така серија од 5-0 и вратат резултатот во нивна полза 6:7 (18-та минута).
По тајмаутот на Раул Гонзалес, следеа два погодока на капитенот Кире Лазаров и подобрување во нападот. Со што го вратија водството и заминаа на полувреме со резултат 12:8.
Во второто полувреме „црвено-жолтите“ продолжија со својата игра и за брзо време направија пристојна предност, која ја одржуваа до самиот крај. Раул Гонзалес во последните 15 минути им даде шанса на дебитантите Чурлевски, Серафимов кои својата шанса ја искористија и постигнаа дебитантски погодоци.
Најефикасни на натпреварот беа Кире Лазаров со 8, додека Манасков и Кузмановски постигнаа по 4 погодоци. Борко Ристовски запиша 7 интервенции.
По двете победи, нашата репрезентација утре ќе го има првиот вистински предизвик, репрезентацијата на Хрватска предводена од добро познатиот за нас, Лино Червар.
Натпреварот започнува од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ1.