македонија репрезентација ракомет

Македонската репрезентација е на само еден чекор до учество во квалификациите за пласман на ОИ 2016 во Рио де Жанеиро, откако Катар како шампион на Азија си обезбеди автоматска олимписка виза, совладувајќи го Иран во финалето со 28:19.

На победата на Катар освен Македонија, се радуваше и репрезентацијата на Словенија. Која после ова обезбедиа пласман на олимписките квалификации, додека Македонија ќе го чека вториот услов кој треба да се исполни на следното Европско првенство во Полска.

Втор услов: Некоја од репрезентациите кои се пласираа пред нас на СП во Катар, тоа се: Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска или Германија да го освоит ЕП во Полска!

Доколку се случи тоа, Македонија ќе добие место во квалификациска група за пласман на ОИ во Рио.