Македонската репрезентацијата одигра нерешено со актуелниот шампион Германија, конечен резултат 25:25!
Бод со кој Македонија го освојува првото место во групата и ќе носи три бода во следната рунда, каде во Вараждин нашите ракометари ќе се сретнат со селекциите на Шпанија, Данска и на Чешка.

Гонзалес го започна натпреварот со игра 7-6 во нападот (со двајца пикери), која донесе добар резултат. Германците беа изненади од овој потег и немаа решение во одбраната, по што нашата репрезентација веќе во 10-та минута имаше водство од 5:2. Но, германците не се откажаа. На голот се разбуди Волф, со што не дозволија нашето водство да се зголему тука да се оддржува.

Но, по 15 минута игра нашата репрезентација имаше мал пад во играта. Со неколку грешки во нападот и промашени ѕицери на Кире Лазаров и Гоце Георгиевски, германците во 18-та минута го изедначија резултат. Продолжувајќи со одбраните на Волф, веќе во 21-та минута германците дојдоа до водство од 10:7

Серијата на германците ја прекина Филип Талески, по што нашите ракометари се вратија во игра и со мини серија се врати во игра. По, што на полувреме се замина со минимална разлика, 12:11 за германците.

За разлика од првото полувреме, нашата одбрана Раул ја смени во 5-1. Што донесе веднаш резултат и враќање на водството за Македонија. Се до 42-та минута, кога Винчек ја прекина нашата серија и со мини серија се вратија резултатски веќе во 45-та минута. За веќе во 50-та минута резултатот на семафорот биде 20:20.

Последните 10 минути се одигра една егал завршница, се играше гол за гол … за на крај нашата репрезентација обезбеди бод, кој не однесе на првото место на табелата! А тоа значи дека ќе пренесеме 3 бода во следната фаза, каде ќе се имаме шанси да се избориме за полуфинале!

Честитки, радувај се Македонијо!!!