кире лазаров сп франција исланд традицијата

Македонската репрезентација во еден драматичен натпревар, успеаа да останат непоразни (27:27) против репрезентацијата на Исланд.

Одлично го отворивме натпреварот, со серија 4-0 и три одбрани на Колев. Првиот гол репрезентацијата на Исланд го постигна во 7-та минута, и врати со истотака серија од 5-0 и веќе во 10-та минута поведе со 5:4. Но, тука не застанаа исланѓаните, направија уште една мини серија и поведоа со највисоки три гола разлика, 9:6. Червар повика тајмаут и ја сменија одбраната во 5-1, по што се вратија нашите ракометари во натпреварот во 22-та минута, кога го изедначија резултатот на 11-11. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол, за да се замине на одмор со негатива од два гола разлика, 13:15.

За разлика од полувреме полувреме, лошо го отворивме второто. Со многу грешки во напад дозволивме репрезентацијата на Исланд да го превземе резултат и да поведе со 5 разлика веќе во 43-та минута, 23:18. Минута кога Миркуловски се повреди и седна на клупата. Нашите ракометари не застанаа, продолжија да се борат за да го намалат водството. Но, поради неколкуте техничките грешки во нападот, не можеа да се доближат. Во 50-та минута ни исклучија двајца ракометари, и кога сите мислевме дека е готово, нашите ракометари одиграа одлично во одбраната и веќе во 53-та минута се доближија на само еден гол разлика 24-25.

Талески и Лазаров постигнаа клучни голови во финишот и го израмнија резултатот, на 27:27. Имавме напад за победа, но повторно згрешивме и ракометарите на Исланд во последниот напад не успеа да го совладаат Колев, кој во поселдниот удар кон неговиот гол ја фати жива топката.

Колев блесна на голот денеска, каде забележа 13 одбрани. Најефикасни на натпреварот беа Лазаров со 7 и Георгиевски со 6 постигнати погодоци.

Со овој нерешен резултат, Македонија го освоии третото место во групата и во 1/8 финалето ќе се сретнеме со репрезентацијата на Норвешка!

Браво за сите ракометари кои изгинаа на теренот, среќно момци!