македонија шпанија сп 2019

Македонската репрезентација го доживеа вториот пораз на СП во Германија и Данска од репрезентацијата на Шпанија, со резултат 21:32.

Нашите ракометари одлично го отворија натпреварот, со одлична игра во одбраната и разновидност во нападот. Го имаа натпреварот во своите раци, а ракометарите на Шпанија го бркаа резултатот. На голот блескаше Митревски кој ги фрустрираше шпанските ракометари и ги поправаше грешките и промашените зицери на нашите ракометари. За на крај испадне дека првото полувреме и резултатот 12:13 за Шпанија, остане само како едно егал полувреме и еден силен тренинг за нашите ракометари пред утрешниот натпревар против Исланд.

Македонија покажа дека може да одигра добро полувреме, но покажа дека и Шпанија е преголем залак за нејзе!

Во второто полувреме Шпанците започнаа фуриозно и направија серија од 5-0, со што се одлепија резултатски и го активираа алармот на Раул за повикување тајмаут. По кој селекторот на нашата репрезентација, Раул Гонзалес реши да ја повлече првата постава и да им даде шанса на младите играчи да го продолжат натпреварот, а првата постава да одмари за утрешниот решавачки натпревар против репрезентацијата на Исланд.

Младите ракометари не се снајдоа добро на натпреварот, не ни покажаа волја и жар за спротиставување и докажување на својот квалитет. Играа во грч, очигледно не ни очекуваа дека Гонзалес ќе го направи ова, после првото одлично полувреме. По што следуваше дебакл и убедлива победа на Шпанија со конечни 21:32.

Сепак ова беше големо искуство на младите ракометари, кои во иднина се очекува да го превземат кормилото на оваа репрезентација!

Најефикасни на натпреварот беа Жарко Пешевски со 6 и Кире Лазаров со 5 постигнати погодоци, додека кај шпанците најефикасни беа Ентрериос и Абењо со по 5 постигнати погодоци.

Фото: гол.мк