Нашата јуниорска репрезентација е пред нов предизвик, овој пат репрезентацијата која е домаќин на ова натпреварување – Данска. По првиот претрпен пораз од селекцијата на Норвешка, избранците на селекторот Јовиќ денес имаат тешка задача  – соочување со репрезентацијата на Данска, која во првиот натпревар беше поуспешна од репрезентацијата на Холандија.

Вечерва нашите ракометари имаат шанса да дојдат до првите бодови и со тоа да си го олеснат патот што води до осминафиналето. По лошо прикажаната игра на вчерашниот натпревар, вечерва сите се надеваме на онаа игра на која сме навикнати да ги гледаме нашите млади надежи. Во нашиот табор владее позитивна атмосфера, а нашиот репрезентативец Филип Кузмановски токму говори за желбата што ја имаат нашите ракометари за пласман во наредната фаза.

,, Сите сакаме да се пласираме во осминафиналето и мора да се бориме да го оствариме тоа. Жално ќе биде за оваа генерација ако не успееме и ако не постигнеме успех на ова ЕП. Имаме добра репрезентација, имаме се, добри играчи на сите позиции, добри бекови. Во овие наредни два натпревари во групата мора да се бориме да влеземе во осминафиналето “ порача Кузмановски.

Натпреварот започнува во 20 часот, а директен пренос можете да следите на www.livestream.com/m20euro

#СоСрцеЗаМакедонија