Ниту постои, а во блиска иднина веројатно нема ни да постои македонски национален тим кој на Eвропско првенство (ќе) го испраќаме со очекувања за медал. Освен македонската ракометна репрезентација. Реално или не, македонската јавнoст од своите спортски миленици секој јануари очекува најголеми дострели.
Така е и овој пат. На 10 дена до почетокот на Eвропското првенство, полека расте атмосферата меѓу македонските фанови, но и меѓу репрезентативците, стручниот штаб и раководството на репрезентацијата.
Сепак, кои се реалните цели на овој шампионат. Покрај спортскиот мотив „да се оди на победа на секој меч“ треба да се гледа големата цел – пласман на Олимписките игри во Токио 2020.
А до таму, патот одамна е однапред зацртан:
-
Чекор 1: Пласман на ЕП 2018 во Хрватска
-
Чекор 2: Пласман на едно од првите 3 места во групата и втора фаза (за да се има полесен противник во баражот за СП 2019
-
Чекор 3: Пласман на СП 2019
-
Чекор 4: Пласман во 1/4 финалето на СП и со тоа пласман за квалификациите на ОИ
-
Чекор 5: Пласман на ОИ Токио 2020