Македонската репрезентација денеска од 17:45 часот во СЦ „Кале“, ќе го одигра првиот од трите контролни натпревари против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во рамките на подготовките за Светското првенство во Франција, кое започнува за осум дена.
Натпревар кој ќе биде отворен за публика, додека утре и задутре се планирани уште два натпревари против БиХ, кои ќе бидат од затворен карактер. Натпревари во кои македонската репрезентација ќе ги завршува своите последни подготовки и тактики, пред почетокот на мундујалот.
Влезот на денешниот натпревар ќе биде бесплатен, па ве покануваме да отидете во што поголем број, за да и дадеме поддршка на репрезентацијата пред заминувањето за Франција.
*Директен пренос ќе има на МРТ.