Вечерва женската ракометна репрезентација на Македонија ги отвара квалификациите за Светското првенство 2017 во Германија, против репрезентацијата на Фарски Острови. Натпревар во кој младите талентирани ракометарки ќе пробаат да стават крај на црната серија која ја има нашата репрезентација, четири години и шест месеци без победа.
Денешниот противник е непознат за повеќето од нас, но не треба да се потцени, туку напротив да се влезе максимално сериозно и да се одигра квалитетен натпревар и издвојува позитивен резултат.
„Фарски Острови е непознат противник за нас. Имаат 5-6 репрезентативки кои настапуваат во данското првенство, но каков квалитет е селекцијата не знаеме. Затоа мора да бидеме внимателни и подготвени на сѐ. Нема да биде лесно, веќе сите знаат да играат ракомет, но она што е најважно за нас е да играме без осцилации“ – изјави селекторот Симовски.
Македонија е дел од Групата 3, заедно со домаќинот на турнирот Фарски Острови, Австрија и Исланд. Првите две репрезентации во групата обезбедуваат пласман во бараж фазата, каде за противници ќе имаат селекции кои ќе играат на ЕП во Шведска.
Распоред на натпревари:
- (02.12.2016) Македонија – Фарски Острови од 21:00 часот.
- (03.12.2016) Австрија – Македонија од 16:00 часот.
- (04.12.2016) Исланд – Македонија од 17:00 часот.
Список на ракометарки: Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска, Андреа Белеска, Теодора Керамичиева, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Матеја Серафимова, Сара Ристовска, Душица Ѓоргиевска, Наташа Антиќ, Елена Ливриниќ, Зорица Десподовска, Дајана Јовановска, Наташа Нолевска, Марија Прленда и Маја Трпковска.
Пренос во живо (Live Stream) од сите натпревари ќе може да се проследи ТУКА.