Македонија по двете одлични победи над Словенија и Црна Гора се најде во одлична ситуација, со осигурани два бода за главната фаза да влезе во денешниот дуел со Германија. Повеќе од јасно е дека европскиот првак е фаворит, но нашите ракометари ќе ја искористат улогата на аутсајдер за без притисок да влезат во натпреварот, свесни дека евентуално изненадување би ги отворило вратите кон полуфиналето.
Но, за тоа да се случи потребно е нашите ракометари да одиграат многу подобро отколку на претходните два натпревари. Одбраната да биде на едно високо ниво, со многу движења и борба. Раул направи измена, го стави Велко Марковски во составот, на местото на Филип Лазаров кој се пожали на мала повреда. Измена која може да помогне многу во одбраната, против корпулентните силни германци.
Во нападот, редно време е и Прибак да се разбуди и да му помогне на Миркуловски во развижувањето на нападот. Но, и нашите голмани, кои во последните натпревари бранат под просекот. За една голема репрезентација да се победи, едноставно мора да имаме одличен голман на голот!
Предводени од феноменалниот Раил Гонзалес, на крилјата на Кире Лазаров, Столе Стоилов и Филип Миркуловски … со помош младите Талески, Кузмановски и Пешевски … ќе пробаат вечерва да ги спречат феноменалниот Уве Гејнсшајмер, одличниот Волф на голот, како и бековите Вебер, Друкс и Вајхолд.
Натпреварот започнува од 18:15 часот, со директен пренос на ТВ Телма
Среќно момци!