кире лазаров сп 2019 јапонија

Денес, со почеток во 18:00 часот започнува дуелот помеѓу нашата и репрезентацијата на Хрвaтска. После две успешни победи на теренот конечно ќе се соочиме со еден од фаворитите на Мундијалот. Имено, екипата на Хрватска, која до сега исто има забележано 2 победи на првенството зад себе има голем број на успеси кога се во прашање Светските или Европските натпреварувања.

Станува збор за нам добро познат противник против кој ќе треба да го дадеме својот максимум за плус нови два бода. На клупата на Хрватска стои веќе добро познатиот Лино Червар против кој сме се соочиле повеќе пати. Тој во прес конференцијата веднаш после победата над Јапонија изјави: „Игравме добро во првиот дел, а кога ја созадоваме разликата игравме, потоа почнавме и да грешиме. Имавме повеќе грешки во финишот на натпреварот. Се надевам дека на утрешниот дуел против Македонија, која е квалитетен состав ќе играме многу подобро и поодговорно дека ќе ни биде потребно.“

Добро познати ни се и играчите од хрватскиот состав. Некои од нив сме ги виделе во дресовите на Вардар и Металург. Лука Циндриќ, поранешниот играч на Вардар вели дека Македонија може да биде незгоден противник. Тој не се појави на утакмицата против Јапонија со цел да биде одморен во дуелот против нас.

“Победивме што е најважно во овој момент и добро е што работите одат според планот. Ми се допаѓа настапот на Македонија и новитетите во играта, можат да бидат незгодни. Не очекува сепак тежок натпревар, можби сме ние фаворити, но тоа ќе треба да се одработи на теренот“ – изјави Циндриќ во микс зоната на Олимпијахале.

А што можеме ние да понудиме против овој балкански ривал? Млад состав кој успешно го калеми своето искуство, веќе искусните Манасков и Стоилов, одличниот Кире Лазаров, чуварите на мрежата Митрески и Ристовски и незаменливиот Гонзалес.

Селекторот Раул Гонзалес задоволен од 4 бода во табелта вели дека се оди по замислениот план. Тој е задоволен од постигнатото и верува во нашите ракометари.

“Хрватска е селекција која ги има едни од најдобрите ракометари во светот и има амбиција да се бори за медали. Имаме почит кон нив, но ќе си ја бараме нашата шанса. На физички план мислам дека сме добри. Сепак сме на почеток на турнирот и ќе бидеме подготвени“ – изјави Гонзалес.

Хрватска е првата вистинска пречка на нашата репрезентација, а поради тоа во мечот треба да влеземе самоуверено и храбро.
Спортски поздрав!