талески

Утре во 15:30 нашата репрезентација го игра првиот натпревар на СП во Германија и Данска. Со малку поинаков список од претходните првенства, избраниците на Раул Гонзалес овој пат против не толку нам добро познат противник ќе стартуваат за прва победа.

Во натпреварот влегуваме како фаворити, но сепак ни најмалку не треба да се потцени противникот. Ни требаат силни 60 минути одбрана и напад за да излеземе како победници. Јапонија на подготвителните утакмици покажа извонредна дисцилина и издржност, па поради тоа треба сигурно да се зграби победата.

Мотивацијата од двете победи над селекцијата на Србија е дополнителен мотив за почетен триумф. Наше е уште еднаш, на денот на отварањето на мундијалот да посакаме огромна среќа на нашата репрезентација и да стискаме палци за големи успеси!

Ракометната еуфорија и оваа година ќе можете да ја следите на нашата веб страна, да не читате на Фејсбук и Твитер. Не заборавајте да ги користите хаштаговите #СП2019 и #макракомет и да ги бодрите нашите ракометари.

За кого? За Македонија!