По успешно завршената мисија во групната фаза, денеска македонската репрезентација ги започнува нокаут натпреварите на СП во Франција.

Денес од 16:00 часот Македонија ќе игра против репрезентацијата на Норвешка, во рамките од 1/8 финалните натпревари. Репрезентација која претрпе промени во последните 1-2 години и направи една силна екипа комбинира со млади играчи и поискусни, нешто наликум на тоа што нашата репрезентација.

Репрезентација против која лани на ЕП во Полска одиграме 31:31, во натпревар каде одигравме одлично, предводени од капитенот Лазаров кој ги торпедираше норвежаните. Досега имаме одиграно уште неколку натпревари со Норвешка, во 2009 година во квалификациите за ЕП во Скопје ги совладавме со 30:29, а на гостувањето изгубивме со 36:30. Одигравме уште еден пријателски натпревар во 2011, кога не совладаа со 33:29. Резултати кои укажувааат дека сме тука негде со квалитетот на играчи во своите состави.

На ова првенство репрезентацијата на Норвешка загуби само еден натпревар и тоа од домаќинот Франција (31:28). Што само по себе кажува дека станува збор за една силна, колективна репрезентација.

Нашите ракометари растеретени од притисокот, денес ќе пробаат да направат историја и забележат најголемиот успех на Светските првенства, бидејќи досега не сме се пласирале во 1/4 финале на мундијалите.

Во нашиот состав ќе отсуствува Дејан Манасков, поради повредата. Но сеуште не се знае кој ракометар ќе го замени на денешниот натпревар.

Среќно момци, израдувајте ја Македонија!