Попладнево македонската ракометна репрезентација ќе го одигра реванш натпреварот против Романија за заверка на пласманот на Светското првенство во Данска и Германија.

По убедливата победа од 8 погодоци разлика (32:24), македонските ракометари се на чекор до ново учество на СП. Сепак, потврдата треба да дојде по возвратните 60 минути во Клуж, во кои избраниците на селекторот Раул Гонзалез, ќе се обидат да остварат уште еден триумф и на уверлив начин да го заверат пласманот на Мундијалот кој на почетокот на следната година.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на Телма ТВ.