Македонската младинска репрезентација денеска од 14:30 часот ќе го игра последниот натпревар од квалификациите за СП во Алжир, против репрезентацијата на Турција.
Натпревар кој нашите момци ќе бркаат победа, по можност 13+ гола разлика (поточно ќе се знае, по завршувањето на натпреварот помеѓу Полска и Португалија, кој е во тек), за да имаат подобра гол разлика, поради вчерашното реми со Португалија, а да не зависат од резултатот од натпреварот помеѓу Полска и Португалија.
Како што и селекторот Темелковски изјави, нема да биде лесно, но не е и невозможно!
„Ситуацијата е малку копликувана, но мислам дека ние сме најблиску до пласманот на СП. Предност за нас е што играме со Турција во последниот натпревар и што ќе знаеме колку разлика ќе ни биде потребно за да бидеме подобри од Португалија“ – изјави Темелковски.
Среќно момци, израдувајте ја Македонија! #СоСрцеЗаМакедонија