Македонската ракометна репрезентација вечерва против репрезентацијата на Украина, ги започнува квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018 година. Циклус на квалификации во кој Македонија ќе биде без Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски, кои после повеќе од една деценија носејќи го дресот со државниот грб, решија да ја завршат својата репрезентативната кариера.

Червар на овој натпревар направи комбинација од играчи кои повеќе години играат за Македонија и неколку помлади играчи, од кои вечерва се очекува со победа да ги отворат новите квалификации. Македонија се наоѓа во Групата 4, заедно со репрезентациите на Чешка, Исланд и денешниот противник, репрезентацијата на Украина.

Составот на нашата репрезентација за денешниот натпревар: Ристовски, Даскаловски, Георгиевски, Манасков, Ојлески, К. Лазаров, Ф. Лазаров, Кузмановски, Нелоски, Прибак, Талески, Митков, Н. Маркоски, Стоилов, Јоновски, В. Маркоски. Во составот не се најдоа Арнаудовски, Тасески, Велковски, Поповски, Томовски и Андоновски.

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра вечерва со почеток од 18:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Фото: www.sportmedia.mk