Македонската ракометна репрезентација ремизираше против репрезентацијата на Словенија во рамките на подготвителниот период пред ЕП во Полска, со конечни 28:28.

Натпревар во кои нашите ракометари лошо го отворија, дозволувајќи на противникот да направи серија од 6:1 и веќе на почетокот на натпреварот да поведат со 7:3. Предност која ја исконтролираа и задржаа до крајот на првото полувреме, со што на полувреме заминаа со конечни 13:10.

За разлика од првото полувреме, во второто нашите ракометари возвратија со идентична серија и за само 12 минути го свртија резултатот во наша полза, 18:20. За потоа се продолжи неизвесно се до последната минута, во која словенците имаа напад за победа. Но, нашите ракометари одиграа одлична одбрана и останаа непоразени на овој прв натпревар.

Најефикасни на натпреварот беа Лазаров со 7 и Митков со 4 погодоци, додека кај домаќините Миклавчиќ и Габер постигнаа по 5 погодоци.

Македонија веќе утре од 18:30 часот, ќе го одигра и вториот контролен натпревар против Словенија.
Директен пренос на словенечката национална телевизија.