Македонската репрезентација се пласира на СП 2017 во Франција, откако вечерва ја совлада репрезентацијата на Чешка со 34:27. Седум гола разлика, доволни да се избришат оние „минус шест“ од Злин и да се обезбеди нова мундијалска виза.
Натпревар во кој нашите ракометари одиграа на едно високо ниво, уште на почетокот одлично го отворија и најавија дека ќе го остават срцето на терен. Цврсто во одбраната и разновидно во нападот резултираше со уште по првата четвртина од натпреварот да поведеме со 7 разлика. Предност која низ текот на целиот натпревар не дозволивме да се намали, туку напротив ја одржувавме во рамките од 8 до 10 погодоци.
Со што заслужено во една драма во финишот, се радувавме на големата победа и новото учество на мундијалите!
Најефикасни на натпреварот беа Манасков со 11 и Лазаров со 8 постигнати погодоци.
Целта е остварена, Македонија ќе игра на СП 2017 во Франција. А таму, Лино Червар дефинитивно ќе оди со подмладен тим, без Мојсовски и Миркуловски.
Честитки момци! #СоСрцеЗаМакедонија