Пред нас е натпревар од исклучително големо знаечење бидејќи победа над Шпанија би не однела чекор поблиску до полуфинале. Македонија и Шпанија имаат долга историја на меѓусебни дуели кога во прашање се ракометните првенства. Во продолжение проследете краток преглед на досегашните натпревари кои ги имаме играно против “црвената фурија”.

За прв пат со нив се сретнуваме во далечната 1998 на Еврпопскиот Шампионат во Италија каде губиме 19-26 (10-13) и за жал завршуваме последни на турнирот.

Следно, за пласман на Европското во Данска во 2014, во квалификационата фаза играме 2 меча против Шпанија. Во првиот дуел каде домаќини сме ние, натпреварот завршува 17-24 (7-13) за Шпанците. Миркуловски, Мојскоски и Недановски се запишуваат во листата на стрелци со по 3 погодоци, додека на спротивната страна прв е Томас со 5. Вториот натпревар  завршува 29-17 повторно во корист на Шпанците кои се предводени од одличните Македа и Томас со по 6 гола.  Кај нас статистиката вели дека најкорисен бил Гоце Ојлески со 4 погодоци, а позади него Владимир Темелков и Никола Маркоски со по 2. И покрај лошите натпревари со Шпанија, Македонија сепак успева да заврши 2 во групата и да се пласира на првенството во Данска.

Во 2014 на Европското во Данска, во втората фаза повторно се соочуваме со репрезентацијата на Шпанија каде доживуваме пораз од 22-33 (10-18) . Најуспешен од нашата селекција е  Миркуловски Филип со 70% реализација или 7 гола од 10 обиди. Чувари на мрежата се Борко Ристоски и Петар Ангелов кои заедно имале само 10 одбрани. Колку добро била прочитана нашата селекција говори фактот дека најдобриот голгетер Кире Лазаров не успеал да посигне ниту еден погодок.

Шпанците најсупешни со Кањељас кој имал постигнато 6 гола од 6 обиди, а веднаш зад него се запишуваат Виктор Томас со 5 и Хорхе Македа со 4. Според статистиката на одбранети удари, шпанските голмани запишале вкупно 16 одбрани.

На минатото светско првенство во Франција, нашата селекција се најде во групата Б каде одигра дуел против Шпанија.  Натпреварот заврши 25-29 во корист на Шпанците, иако на полувремето заминавме со изедначени 14-14. Цели 50 минути игравме гол за гол.  Неколкуте атрактивни целепини буквално ја уништија мрежата на Перез Де Варгаз.

Статистички гледано, наш најдобар реализатор бил Кире Лазаров со 6 постигани погодоци, а веднаш зад него се запишуваат Никола Маркоски со 5 и Филип Миркуловски со 4. Во спротивниот табор најуспешен бил Ривера со 11 гола, а после него веднаш се наоѓа поранешниот играч на Вардар и миленик на македонската публика Алекс Душебајев кој постигнал само 5.

Вечер, време е Македонија да ја забележи првата победа.

Среќно!