ракометарките на македонија

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз од фаворитот Србија (35:30), ги затвори квалификациите за Европското првенство во Франција. Пораз со кој Македонија заврши на 3-тото место во групата, недоволно за пласман на ЕП во Франција.

„Црвено-жолтите“ беа 40 минути рамноправен противник во кои имаше и водство во неколку наврати со 1-2 погодока. По 12:12 домаќинот направи серија од 4:1 и на одмор замина со позитива од 16:13. Во вториот дел искусната Србија рутинирано стигна до својата 5-та победа за освојување на првото место во оваа конкуреницја со 10 бодови, исто колку што има и второпласираната Шведска. Репрезентации кои ќе играат на континенталниот собир во Франција.

Најдобар стрелец во нашата селекција на овој натпревар беше Елена Ѓеоѓиевска со 9 постигнати погодоци.