Македонската репрезентација со победа против Тунис 34:30, го отвори СП во Франција!
Во еден максимално неизвесен и тврд натпревар, македонските репрезентативци одиграа одличен натпревар и заслужено се радуваат на отварањето на СП во Франција.
Натпреварот го започнаа во грч, се играше гол за гол. Червар ја форсираше играта 7-6 во нападот, но не успеавме да ја искористиме, поради тоа што промашивме чисти зицери. Тунис играа една цврска и груба одбрана, која судиите ја дозволија. Но, нашите ракометари не подпаднаа на тоа и успеаа да го задржат резултатот и на полувреме да заминат со 13:14.
Второто полувреме не го отворивме како што посакавме, повторно со технички грешки дозволивме да направат ракометарите на Тунис серија и одлепат резултатски со 4 погодоци, 20:24. Но, нашите ракометари успеаја да се вратат и израмнат резултат на 25:25. Стоилов и Лазаров беа несопирливи во нападот и нерешлива енигма на тунижаните. Трајковски се врати на голот и со две одбрани направи шанса за Манасков, кој погоди во контра напад, па во последните пет минути влеговме со предност од огромни три погодоци (31-28). По што потоа не дозволивме да се вратат ракометарите на Тунис, и завршиме натпреварот со 34:30, за голема радост!
Најефикасен на натпреварот беше капитенот Кире Лазаров, кој постигна 12 погодоци. Проследен од Манасков и Стоилов кои постигнаа по 7 погодоци.