Македонската репрезентација очекувано издвојува убедлива победа 37:21 (19:11) против репрезентацијата на Саудиска Арабија. Натпревар во кој „црвено-жолтите“ целосно доминираа и заслужено триумфираа во првиот од двата контролни натпревари во пресрет на ЕП во Хрватска.

Раул Гонзалес имаше можност да ги види на дело сите свои ракометари и испроба неговите нови тактики. Но, вистинскиот тест ќе биде утре, против репрезентацијата на Србија.

Најефикасни на натпреварот беа Талески и Ојлески со по 4 постигнати погодоци. Потоа следуваше Попоски со 4 и по 3 погодоци постигнаа Манасков, Кире Лазаров, Георгиевски и Кузмановски.

Утрешниот натпревар започнува од 18:00 часот, што ќе биде и последен тест пред почетокот на ЕП во Хрватска.

*Директен пренос ќе има на РТС 2.