Ракометната репрезентација на Македонија славеше и во вториот пријателски натпревар против Грузија, овојпат со 29:28 во дуелот одигран попладнево во СЦ „Борис Трајковски“.
Многу понеизвесен беше вториот дуел, кој нашата репрезезентација го доби благодарение на Поповски кој во самиот финиш постигна два гола и ја запечати победата на македонската репрезентација.
Нашите репрезентативци солидно одиграа во првиот дел, со добра игра во одбраната уште на самиот старт направија водство од 8-3, кое во еден момент го зголемија на 15-9. Сепак во финишот концентрацијата падна и противникот на одмор замина со негатива од три погодоци.
Во второто полувреме селекторот Данило Брестовац им даде шанса на речиси сите ракометари со исклучок на најискусните Лазаров и Ристовски, па противникот успеа да фати резултатски приклучок. Но на крајот нашите репрезентативци ја покажаа својата зрелост и со два брзи погодици ја обезбедија втората победа во пријателскиот дуел со репрезентацијата на Грузија.
Најефикасни на натпреварот беа Талески и Поповски со по 7 постигнати погодоци, додека на голот Томовски забележа 6 одбрани.
Фото: Екипа.мк