Женската репрезентација на Македонија беше совладана од Шведска со 20:32 во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП во Франција. Македонските ракометарки го доживеаја третиот пораз во квалификациите и ги загубија шансите за пласман на ЕП.

Швеѓанките во текот на целиот натпревар имаа контрола на теренот и резултатска предност, која во ниту еден момент не дозволија да биде загрозена нивната победа.

На овој натпревар пред домашната публика официјално од ракометот се прости и репрезентативката Мирјета Бајрамоска, која реши да ја заврши ракометната кариера. Ракометарка која е една од најдобрите македонски ракометарки во последните две децении

Македонските ракометарки последниот квалификациски натпревар го играат на 3 јуни во Ниш кога гостуваат кај Србија, но овојпат без шанса за место на европскиот шампионат.

Фото: екипа.мк