Македонската репрезентација во машка и женска конкуренција ги дозна имињата на своите ривали во групната фаза на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Тарагона, Шпанија од 22-ри Јуни до 1-ви Јули.
Мажите ќе играат во групата Д, против репрезентациите на Србија, Египет и Турција. Додека жените ќе играат против репрезентациите на Египет, Србија, Црна Гора и Турција.
Само еден ден откако беше официјализиран новиот ангажман на Давид Дејвис Камара, како селектор на машката ракометна репрезентација на Египет, веднаш доби голем предизвик – Македонската репрезентација. Но, за жал нема да се сретнат Дејвис и Раул, бидејќи Раул ќе се фокусира на РК Вардар за Ф4 турнирот во Кел. Па неговиот помошник, Роберто Гарсија Парондо ќе ја води машката репрезентација во Тарагона каде ќе настапи со комбиниран состав, со помлади ракометари и играчи кои претходно добивале шанса.
Во претходниот настап на Медитеранските игри, кои се одржаа во Мерсин, мажите завршија на 8-то место, додека женската репрезентација беше 9-тата во конечниот пласман.
Мажи:
- Група А: Словенија, Црна Гора, Тунис.
- Група Б: Хрватска, Италија, Алжир.
- Група Ц: Шпанија, Грција, Португалија.
- Група Д: Македонија, Египет, Србија, Турција.
Жени:
- Група А: Шпанија, Словенија, Грција, Италија, Португалија.
- Група Б: Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Египет.