Мартин Поповски Македонија

Подмладената репрезентација на Македонија одигра нерешено (26:26) против репрезентацијата на Италија, во втората контролна средба во Турција во рамките од ЕХФ-неделата.

Откако вчера македонските ракометарите славеа против Турција, денес се спасуваа од пораз во финишот од натпреварот против Италија.

Италијанците одлично го отворија натпреварот со серија од 4-0, по што нашите ракометарите возвратија на ист начин и израмнија на 4:4. По што во продолжение до првото полувреме се играше гол за гол, за да двете екипи заминат со резултат 12:12.

Во второто полувреме видовме слична ситуација, ракометарите на Италија се одлепија и направија солидна предност од 5 погодоци (21:16). Но, нашата репрезентација како и во првото полувреме се врати во натпреварот, за на крај ракометарот Мартин Поповски од пенал ги постави конечните 26:26.

Најефикасни на натпреварот беа Поповски со 8, Пешевски и Таковски со по 4 погодоци. На голот Томовски забележа 9 одбрани.

По овој натпревар македонските ракометари се враќаат во Скопје каде следуваат уште два пријателски натпревари против репрезентацијата на Грузија на кои ќе настапат и дел од поискусните репрезентативци.