Анкетата на МакРакомет покажа дека македонските фанови се оптимисти во пресрет на почетокот на настапите на СП во Франција.
Дури 1336 фанови одговорија на прашањето: Која е вашата прогноза за Македонија на СП во Франција? Дури 92% од испитаниците се убедени дека Македонија ќе ја помине групната фаза на СП.
38% сметаат дека Македонија ќе се пласира меѓу најдобрите 8 на првенството, а 39% сметаат дека учеството на нашата репрезентација ќе заврши во осминафиналето.
Интересно, 15% од Македонците се навистина оптимисти, и ја гледаат Македонија со пласман меѓу најдобрите 4.
Колкави се можностите на Македонија ќе видиме веќе денес – со почеток во 17.45 нашата репрезентација игра со Тунис.
Анкета: Која е вашата прогноза за Македонија на СП во Франција?
Вкупно гласале: 1,363 ![]() |