СРЦ Кале по којзнае кој пат талично за македонскиот ракомет. Со неверојатен меч и победа од 39-19, македонските младинци го освоија првото место во квалификациската група и обезбедија пласман на СП во Алжир годинава.
А почна лошо овој ден. Португалија ја декласираше Полска со 13 разлика што значеше дека на нашите репрезентативци им беше потребна голема победа од дури 19 разлика над Турција. Овој товар како да им пречеше на нашите јуниори фуриозно да го почнат мечот. Долго се мачеа, лесно примаа голови и успеваа да водат со само 3-4 разлика. Сепак, во вториот дел од првото полувреме, Македонија одигра поцврсто и на полувремето замина со 9 голви предност.
Второто полувреме Македонија личеше на онаа репрезентација која сакаме да ја гледаме. Цврсто во одбраната и со многу голови во напад (пред се благодарејќи на играта 7-6) Македонија ја имаше потребната разлика во 48та минута (34-15). До крајот резултатот се движеше од 18 до 20 голови, за на крај среќата да ни се насмевне и да дојдеме до толку посакуваниот успех.
Најпрецизен во македонскиот тим Мице Шилегов со 10 голови, од кои дури 9 постигна во првото полувреме. Вреди да се истакнат и Талески, Палевски и Арсеновски со неколку клучни голови, како и одличниот на голот Даниловски кој во второто полувреме бранеше извонредно.
Честитки!!!